птица (имн.) - бев (гл.)

Грев беше да се убие птица, убиството на птица беше изедначено со злостор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Птицоубиците беа сметани за најбездушни и најбезгревни створови, тие беа најпрезрени и најомразени во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Телото на малата птичка беше ситно мешинче во раката на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стоеше таму и се плашеше да дише, небаре таа и птицата беа во некаков занес и нејзиното дишење можеше да го прекине тој занес.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега сите птици беа мртви, без оган во очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Порано, кога немаше хемиски средства за заштита на растенијата од гасеници, растителни вошки и ред други штетници, птиците беа најважните чистачи на природата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Птицата беше заскитана од некоја далечна долина чудесно збунета додека ја престигнуваше реката на своето двоумење. Постоеја девојки зад планината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)