публика (имн.) - аплаудира (гл.)

Да. Одговорот е точен. Публиката аплаудира. Сите среќни и весели. И волкот сит и Велија пун со пари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа прва, генерална асоцијации на театар (која е лајт- мотив, нишка која го поврзува целиот филм) сепак е мамка, илузионистички трик на Гринавеј, еден од многуте во таа толку забрзана, драстична и морбидна игра на раѓање-убивање, што гледачот го губи “стварносниот компас” (да, чиновите завршу­ ваат, декорот се менува, публиката аплаудира, но мртвите глумци не стану­ваат!) и веќе не е способен строго да ги разликува линиите кои, прво, ја разделуваат самата комплексна театарска сцена, потоа оние линии што ја разделуваат таа метастазирачка “сцена” (многу поголема од самата себе!) од публиката во “театарот” (многу поголем од самиот себе), а на крајот гледачот (а кој гледач???) има проблеми дури и себеси да се лоцира на некаква си мета (филмска) позиција, бидејќи една од основните стратегии на Гринавеј е разнишувањето на било кој “стабилен” агол на гледање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Жолто сидро, сина риба – со такви чудни месечини живееме Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти нè голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира од другата страна на завесата во гледалиштето започнува долго очекуваната претстава
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)