публика (имн.) - сака (гл.)

Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сè што себеси се држи за пристојно, сигурно, солидно, сите што во очите на публиката сакаат да остават впечаток на сериозност и сигурност во контраст спрема хаотичното лудило што нè опкружува, сето тоа или по некоја чудна саморазбирливост отсекогаш и се наоѓа во тоа општествено средиште или пак истуркувајќи ги другите од него непрекинато одново го зазема тоа недискутабилно место.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)