пушка (имн.) - е (гл.)

Тодор Кикирезовски — така се викаше терачот на магарињата — им одговори на сите и се позачуди, гледајќи ги наметнатите сакми, а го позна Трајка и го виде со пушка на рамото, но не му стана чудно, бидејќи Трајко секогаш носеше пушка, а во темницата не можеше да ја познае што пушка е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Браво! А од каде знаеш дека овој дел од пушката е кундак? - праша инструкторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пушката е основно оружје на пешадијата, меѓутоа, ја употребуваат и други родови војска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
3. Пушката е основно борбено оружје. Служи за уништување на непријателот со оган, нож и кундак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Доволно е, доволно е со смеење. Да заклучиме: значи, сѐ на сѐ пушката е составена од триесетина делови кои заедно прават само една работа. Која?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Пушката е со мене, им реков, а јас сум пак со вас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)