пушка (имн.) - ја (зам.)

Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега, одеднаш, пушката ја имаше пак сета своја убоитост и тој дури и во своето рамо го сети ударот на зрното во она огромно клопче со темно цврсто влакно, разбојнички распафтано во оддалечувањето по голината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)