пљачки (имн.) - и (сврз.)

Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
МИТРЕ: Нека ги товари Панде пљачките и ќе излеземе. (Вади кутија со тутун).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Арсо најде едно незафатено место под прозорецот, си ги остави пљачките и уморено се струполи врз нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште пред да почне да се топи снегот една коњска запрега ја донесе неговата тајфа и нивните пљачки и така почна да се крева уште една врвца чад врз фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)