работа (имн.) - нема (гл.)

Но веруваше дека, сепак, работите нема да се одвиваат со толку брз тек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ебате животот ништожнички. Работа немет, а просек девет. А која жена ќе го земет ако работа немет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Дека друга работа немаат, само носат нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Проретчија и средбите со Рада. Во Скопје одеше само двапати во месецот. Но, работа немаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да не гледал на тие работи немало ни да забележи дека имало и такви и такви, кои рекле, и кои не рекле фала.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа, на столиците зад него, седнаа двајцата милиционери при што видливо се завалија спружувајќи ги нозете на двете спротивни страни како да сакаат да покажат дека тие со оваа работа немаат никаква врска и не кријат дека ќе им биде здодевно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
КОТЕ: Дај да цицнеме, и така работа немаме (Пие).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во периодот од 2010 до 2014 најпрво дојде до дефинирање на статусот на вработените во јавните претпријатија врз основа на работата 101 Согласно чл. 36 ст. 1 од Законот за судовите: „Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до непосредно повисокиот суд“, додека пак според чл. 6 ст. 1 од Европската конвенција за човекови права: „Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“. 102 Закон за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ, 38/96. 103 Закони за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Сл.весник на РМ – 97/10, 06/12, 119/13, 41/14 и 138/14. 107 која тие ја вршат, па така за јавен службеник се смета вработен во јавното претпријатие кој врши работи од јавен интерес согласно со закон и за нив се применуваат одредбите од овој закон, посебниот закон од соодветната област и Законот за јавните службеници,104 додека пак вработените кои вршат помошни и технички работи немаат статус на јавни службеници и во однос на нивните права, обврски и одговорности од работен однос се применуваат одредбите од Законот за работни односи (чл. 1 и 2 од ЗИДЗЈП/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа значи дека ако трошоците за храна и превоз на волонтерите го надминуваат максимално утврдениот износ од 15% од просечната месечна плата во Републиката, организаторот на волонтерската работа нема обврска да ја исплати разликата над овој износ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кулачки и малограѓански работи нема да има.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А по онаа работа нема каење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)