работење (имн.) - во (предл.)

XII Татковото работење во Судот, од ден на ден, стануваше сѐ потешко и понеизвесно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Завршувајќи ги последните две години во RISD, Frere-Jones го поделил времето на работењето во Бостон, во Фонт Бирото, каде се нафатил на задача целосно да го развие фонтот на водечкиот дизајнер на фирмата Nevill Brody (фонтот бил наречен Harlem и Tokio) и вториот дел, „работење на тези”, серија експериментални фонтови или како ги нарекува тој „возови на мислата, на кои работев неколку години”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Што се однесува за работење во група, тоа носи добри и лоши страни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие ја составија во Бугарија основата на работењето во полза на Македонија. 117 „Гркоманите” во Белград од година во година се зголемуваа со нови „гркомани” и „бугаромани” но и едните и другите внатре во Србија мачно се преобрнуваа во „србомани”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работењето во Клубот, ми одеше малку тешко. Не беше тоа како келнерската работа која ми беше добро позната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Милан и Кети беа стоички луѓе и многу практични, на нивни сопствен начин, но како прости селски луѓе, вродено веруваа во моќта и влијанијата на работењето во универзумот, нешта што тие не можеа да ги разберат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сменски работник е секој работник чијшто распоред на неговата работа е дел од работа во смени (чл. 5, ст.1, ал.8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ноќна работа се смета работењето во ноќно време, односно во периодот меѓу 22:00 часот и 6:00 часот наредниот ден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е. провокација од септември 1902 кое било инсценирано од бугарската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дополнително беше утврдено дека доколку во случаите утврдени со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел или на ниво на работодавач, работникот не го подобри своето работење во временскиот 40 рок утврден во предупредувањето дадено од работодавачот, ќе може да му биде откажан договорот за вработување поради лични причини на страна на работникот (чл. 16 од ЗИДЗРО/фев.13). 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во поглед на одредбите што се однесуваат на работењето во странство усвоени се две промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, во делот кој се однесува на признавање по отворање на стечајната постапка во Република Македонија, ЗС од 2006 година предвиде отворање на посебна стечајна постапка во РМ од страна на судот, а по предлог на надлежниот фонд за здравствено осигурување и надлежните фондови за пензиско и инвалидско осигурување, за побарувања кои, според закон, задолжително се издвојуваат од приходот, односно од платата, како и по предлог на вработените кај стечајниот должник со постојано место на работење во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно со ЗОК од 1989 година, интерните акции се продаваа со попуст од 30% од нивната номинална вредност, зголемен за 1% за секоја година на работење во претпријатието, со тоа што вкупниот попуст не можеше да биде поголем од 70% од номиналната вредност на тие интерни акции (чл. 1c, ЗОК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
XI Понекогаш на Мил при долго работење во лабораторијата, му се случува да му запрат мислите, да му се зачепат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)