работник (имн.) - бев (гл.)

Во фабриката имаше основано синдикална организација, која беше член и на гранковиот синдикат при ССМ – меѓутоа Ангелеска, поради оправдана недоверба кон раководната структура, не беше член на овој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под „други начини на справување“, таа го наведува спогодбениот начин на 245 решавање на споровите како убедливо најефективен, поефика- сен и мошне евтин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претпоставка е дека се погреши во политиката на воведување на новиот начин на зачленување бидејќи, кога луѓето ќе се прашаа поединечно „дали сакаш да бидеш член на синдикат?“ многу полесно велеа не, отколку да.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, само да потсетиме дека овде говориме за периодот кога сѐ уште релативно добро се живееше и условите за работа на работниците беа добри, а кршењето работнички права беше поретко и затоа луѓето мислеа дека ним не им е потребен синдикат.2 Познато е дека ССМ, главно, се финансира од уплатата на членарината од страна на своите членови-синдикалци.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, зачленувањето во синдикатот се случуваше по автоматизам, па секој што ќе се вработи во фирмата стануваше и член на синдикатот!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Самите работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова големо претпријатие, Јаневски ги извршуваше своите работни задачи на работното место заменик раководител, по што беше унапреден во раководител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најголем број од работниците беа мотивирани за работа, бидејќи имаше можност за унапредување, а вработените меѓу себе се почитуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога се врати на работа, веќе беше пет часот и работниците беа отидени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако, пак, кривичната постапка против работникот беше правосилно запрена, или ако обвинението е одбиено или, пак, тој е ослободен – имаше право на надоместок на личниот доход што би го остварил, како и на другите права од работа (чл. 44, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)