работник (имн.) - работи (гл.)

Од овие, најголема дискусија кај синдикатите, се чини со право, поради својата двосмисленост, предизвика првонаведенава законска дефиниција, којашто работното време го определува на следниов начин – тоа е „секој период (!?) во кој работникот работи и е на располагање на работодавачот, за извршување на работите и работните задачи, согласно со закон“ (чл. 1, ЗРО/окт.09). 24 2.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4. Работно време а) кај полното работно време, како едно од централните права на работникот, дојде до повторно дефинирање на овој трудово-правен институт – „е времето во кое работникот работи и ги извршува своите работи и работни задачи согласно со закон, колективен договори договорот за вработување“ (чл. 1 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А во своето сведочење овој сведок изјави дека работниците работеле „на своја рака“, неприсилувани и без наредби од никого и дека тој не им бил претпоставен на Јакшиќ и неговиот колега!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, за време на зимските месеци, греењето во салата кадешто се одвива производството понекогаш се исклучува, и работниците работат во студена просторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, покрај веќе постоечките дотогашни, законски предвидени, видови работен однос (на неопределено време, на определено време, работен однос со приправници и работен однос надвор од просториите на работодавачот) – беа воведени и следниве можности: а) договор за вработување со скратено работно време кај еден работодавач – кога работникот работи за време кое е пократко од полното работно време кај работодавачот (чл. 48, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува, пак, до материјалните и просторните услови во коишто се одвива процесот на производство, Ф.И. има сериозни забелешки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е, всушност, оној вработен кој и ја пренесе наредбата од сопственикот на фирмата, со кого прет- ходно се консултираше телефонски, а кој во критичниот момент за себе ја одбра најлесната, најбезопасната и банална работа да го измие „пиштолот“ за нанесување малтер, а на своите неискусни подредени им ја остави потешката и опасна задача на отпушување на цревото, кое беше под притисок од шест бари.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку направевме споредба на договорите за вработување со „скратено“ работно време од чл. 48 и чл. 49 од ЗРО и чл. 122 и чл. 122-а (скратено работно време во посебни случаи и скратено работно време во посебни услови соодветно) ќе дојдеме до заклучок дека кај скратеното работно време, кое е изедначено со полното работно време, но временски трае пократко поради тежината и опасноста на работата е тотално спротивно на формулацијата за неполното работно време кога работникот работи пократко поради помалиот обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)