работник (имн.) - треба (гл.)

Одејќи по својот личен пример, тој правилно заклучува дека работниците треба сами да се информираат за своите права, а не да чекаат работодавачот да им ги каже истите. 268
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
136 Вредно за истакнување е тоа што Р.М. има учествувано на неколку работнички протести, главно за да покаже солидарност кон своите колеги, и смета дека „работниците треба да бидат поагресивни во борбата за своите права“ и без страв да си го бараат она што им припаѓа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пресудата беше спроведена доброволно, без да има потреба да ја иницира понатамошна извршна постапка, на која беше решена. 77 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Досега, по сите тужби има над 60.000 МКД (околу 1.000 ЕУР) за судски трошоци – кои по добиените пресуди, за среќа, си ги има повратено. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Божиновски е задоволен од пресудите, бидејќи ги има добиено сите надомести со камати, па дури ја оствари и можноста за повисока пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Зефиќ е поучен за тоа како еден работник треба систематски да ги користи сите правни средства кој му стојат на располагање за да се бори против нанесените неправди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тоа што во овој случај, судијата се повикува на судската пракса на неколку други судови, меѓу кои и на Врховниот – како највисока судска инстанца кај нас, односно за почит е тоа што се прави обид за воведување на т.н. „прецедентно право“, а се избегнува буквалистичкото и позитивистичко толкување на законите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
9 Во петгодишниот период кој го опфати оваа студија, преку измените на ЗРО, кој има својство на фундаментален закон и регулира доста чувствителна и актуелна материја, дојде до влошување на работничките права во следниве сегменти: се воведе противуставна можност за вработување на лица помлади од 15 години; се воведе плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за лицата кои склучуваат договор за вршење на работа надвор од дејноста на работодавачот; се намали висината на платата која работникот треба да ја прима за периодот додека е отстранет од работното место; дојде 6 Закон за работни односи, Сл.весник на РМ, 62/05.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ваквата формулација дава можност работникот да склучи договор за вработување на неопределено време, што секако е позитивна промена, но временскиот период од 2 години како минимален рок во кој работникот треба да продолжи да работи е несразмерно долго утврден и умесно би било да се размисли за сведување на овој временски услов на 6 месеци; ѓ) кај сезонската работа дојде до нејзино поблиско дефинирање како „работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци“ (чл. 6 од ЗИДЗРО/фев.13) Инаку, ова е втор обид да се дефинира максималното траење на сезонската работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во текот на работното време, пропишано е, работниците треба да бидат на располагање на газдата да извршуваат работни задачи без разлика на дефиницијата на нивните работни места!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Останати промени Од останатите промени на ЗПИО кои ги засегаат правата на работниците треба да се спомнат следните.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)