работодавач (имн.) - ја (зам.)

После изрекувањето на конечната одлука од страна на Врховниот суд на РМ, на работодавачот НУЦК – Битола му беше наложено, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена, да го врати Митревски на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одговорноста за обесштетување на работодавачот се однесува, исто така, и на штетата која работодавачот ја предизвикал со кршењето на правата на работникот од работниот однос (чл. 159, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Глоба во износ од 1.000 ЕУР во денарска противвредност ќе се изре- че за прекршок на правно лице ако не води ваква евиденција; а, за истиот прекршок, одговорното лице кај работодавачот ќе се казни со 300 ЕУР (чл. 56, ст.1, ал.10 и ст.2 од ЗБЗР). 4.  Ако на работникот му е предизвикана штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја надомести штетата – според општите правила на одговорност за надоместок на штетата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега, просечната месечна бруто плата што работодавачот ја исплаќа на работникот не може да биде пониска од 50% од просечната исплатена бруто плата по работник (чл. 3, ЗИДЗИПРМ/08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работодавачот ја испочитува одлуката и, конечно, во февруари 2009, тој повторно е вратен на работа во оваа установа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот совет на овој највисок наш суд (во состав: Р.Максимовски – претседател и П.Голубовски, Б.Дулиќ, С.Кранли, Д.Узунов – членови) донесе пресуда со која ја преиначи второстепената пресуда на Апелациониот суд, па жалбата на тужениот работодавач ја одби како неоснована, а ја потврди првостепената пресуда на ОС Гостивар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како реакција на ова, тие покренаа ревизија пред Врховниот суд на РМ,5 како вонреден правен лек и конечно – дури во трет и последен степен, успеаја да го добијат спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)