работодавач (имн.) - доколку (сврз.)

Беше корегирана и ал. 7 од чл. 56 со која е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на работодавач доколку не им дозволи на вработените, претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во дискусии за сите прашања кои се однесуваат за безбедноста и здравјето при работата. (чл. 10 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Дополнително беше дополнет и чл. 58 со што се предвиде глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност која ќе му биде изречена на правно лице доколку во рок од 48 часа не го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените за секој смртен случај, колективна несреќа и повреди при 97 работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја згрозува безбедноста и здравјето на вработените.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач доколку во рок од една година го повтори прекршокот, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во траење од 15 дена, за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. (чл. 1 од ЗИЗМП/дек.14) 118 ЗАКОН ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е донесен во 2008 година122 и истиот беше предмет на анализа и во првиот дел од оваа трудово - правна студија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)