радост (имн.) - или (сврз.)

Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Навистина студи во Москва и луѓето со празни и изгубени очи пак не знаат дали се пијани од радост или од тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Музикалниот никогаш не е догматичар! – се внесува Хорацио со темниот, вжештен поглед во мене: - Музикалниот се гордее со чувствената просторност, со осетот за музика перспектива, што овозможува пред огнот на радоста или мразот на тагата согласие меѓу пламените или меѓу кристалите...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лик имаше како светица - душолик; душата ѝ се оцртуваше на лицето; сè што ѝ се случуваше во душата ѝ се гледаше на лицето: добро или лошо, радост или тага, ведрина или сматеност, блаж или горчина; како на лицето да ѝ беше извајана душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На вдовиците и разжалените мајки и сестри што во преѕвездената ноќ можеле да се крстат приврженички на спомени и на сеништа или очајнички без радост или надеж или вера во иднината, им се придружиле со свои тагопојки и оние што клекнувале пред своите престарени мажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По самото стемнување, додека за преостанатите покладари, како што еднаш ги нарекле во селото терачите на двоколки, времето било изгубено, кога тие биле повеќе мртви отколку оние зад нив покрај патот, двата реда сенки се сретнале недалеку од запуштени ако не и напуштени гробишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)