разбирање (имн.) - нема (гл.)

А робот, што ако поднесува жртви, за вашиот подвиг разбирање нема.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Помош и разбирање немаше ни од својата сопствена жена која постојано му ја јадеше душата дека се зафатил со работи од кои нема никаква корист, а само штета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)