разговор (имн.) - бев (гл.)

Овој разговор беше завршен со поделените карти. Продолжуваше балканскиот покер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Познаваше Јана многумина кои зад себе имаа и академски титули, но во обичниот разговор беа „боси“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Андон во разговорот беше повеќе службен, особено кон Азра која во соработката со него имаше строго утврдени обврски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„На враќање ќе го собере од болницата во Сан Диего“, рече Као со што за него овој разговор беше завршен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навидум, разговорот беше најобичен, секој од нас се сеќаваше на по некое име или детаљ од некогашниот студентски живот, иако некако разгалено (можеби затоа што сеќавањата беа индиректни, без заемно учество).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тогаш?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При последната посета на Даскалов во разговорот беа присутни сите овие глупости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најчудниот спомен од овој разговор беше испишаниот страв во очите на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но најмногу растажуваше сознанието дека секој разговор со него ме воведуваше во некоја самрачна просторија низ каква не бев навикнат да шетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Разговорот беше краток, поводен, куртоазен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во зборовите на оној чиешто име овде не би го споменувал имаше некоја недвосмислена непобитност. Со тоа, разговорот беше исцрпен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во разговорот бев понесен од две мои претходно стекнати искуства.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татко ми во еден разговор беше го запрашал Чанга: „Има ли пекол?” „Има!” „Кога?” „Кога се губи надежта!”, одговори тогаш Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Разговорот беше неможен и не требаше да продолжува, па сепак продолжи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)