разговор (имн.) - е (гл.)

О, секое одење по печурки разговор е со демонот на преобразбите Овидиева тема, протејски мерак подотворање на умот најава на оностраниот моќен сурат на стерната, стијата, привидот и тоа најмногу кај оние кои на овој свет се мислат свои на свое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Знам дека разговараат за погребот иако ниту збор не втасува до мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тишина. Одот на времето измерен е со влегувањето и излегувањето на куршумите од шаржерот. Разговорот е подморница.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Другарите разбраа дека разговорот е свршен. Си излегоа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
О'Брајан направи едно мало нестрпливо движење, како да сака да каже дека потсетувањето на разговорот е одвај потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога веќе мислев дека тој разговор е завршен, пак го слушнав гласот на тетка Рајна: - Еве другава зима веќе е на прагот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А Даскалов и Боге од Бањи чекорат зад колата, но нивниот разговор е сосема тих. Тих но многу сериозен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)