разговор (имн.) - веднаш (прил.)

Откако прекина со разговорите веднаш седна на фотелјата спроти мене и без да го запрашам, погодувајќи ја мојата мисла и поводот за посетата, веднаш ми рече: - Почетокот на преговорите со Американците има повеќе симболичен карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше во разговор едновремено со палестинските амбасадори во Париз, Лондон, Дамаск, Москва, Каиро... Известуваше за разговорите, даваше инструкции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разговорот веднаш го прифаќам и го насочувам кон она што мене ме интересира.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така, загрижени за она најитното, разговорот веднаш го сосредоточивме на акутниот проблем на распаѓањето на конвенционалните жанрови, и во врска со тоа, на кризата на литературната постапка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидејќи се најдовме во временски теснец, во некаква си говорна трка со времето, веднаш преминавме на одлучувачките прашања, кои, додуша, му се опираат на брзото кажување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)