разминување (имн.) - помеѓу (предл.)

Напати, во тие тешки мигови, во кои ќе се најдеше семејството, на разминување помеѓу животот и смртта, како да се доведуваа во прашање сите верувања, идеологии, сите знаења за животот, мошне често се наложуваше случајноста, каков што е, впрочем, самиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковиот живот, колку и да беше балкански обележан, се одвиваше и во источен ритам, по толкуте години минати во Цариград, на разминувањето помеѓу Отоманската Империја и Ататурковата Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)