рака (имн.) - им (зам.)

Стисокот траеше не повеќе од десет секунди, а сепак му се стори дека рацете им се составени долго време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нозете ги држеа одвај простум, а изморените раце им ги испуштаа алатите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со рака им даде знак и почна да разгледува околу онаа широка дупка налик на варница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Устите и рацете им се замастуваа, но не се бришеа уживајќи во вкусното месо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Толку работи се придвижија во мене...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И еве, гледаме како тој, забавувајќи ја брзината по десетина метри, се наближува кон трибините и со подигнати раце им отпоздравува на навивачите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Директорот Тодор со раката им покажа на Александар и Александра кон двете празни столчиња на опашката од масата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега се слезени, ама ги нема. Ги одвеа провевот на животот, како кој застануваше на земја така и го одвејуваше тој провев - белки рацете им се жилави за нови вратила. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сакаа да се прегрнат и прегрнати да се наплачат, но рацете им беа врзани одзади, та само главите ги доближија една до друга и продолжија да плачат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Врзаните сакаа да се прекрстат, но бидејќи рацете им беа врзани одзади, само гласно сите рекоа: Ајде боже поможи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уморни дотаму што главите им паѓаа на градите и рацете им беа како мртви во скутовите, седеа околу огнот што го беше наложил возачот и толку беа гладни што на никој не му се стануваше да донесе барем леб и некоја конзерва да стопли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие грчевито се држеа за змиското тело, додека рацете им се лизгаа по мазната студена кожа на змијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не сакаа милувки, рацете им беа крвави сакаа помош да се одбранат да ја одбранат милата ни земја Македонија. 14.000 лири попусто беа дадени за оружје...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Наставникот со рака им даде знак да седнат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Цветко и жена му рацете им ожебавеа, им испукаа, лицата им се испија, се исушија, плеќите им за згрбавеа, но издржаа, - ја изградија оградата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)