рака (имн.) - мачка (имн.)

Прво сонував дека тетка ми пеглала и дека пеглата случајно ѝ паднала врз мојот стомак; јас сум се обидувал да ја кренам, но таа никако не се мрдала и само ме гмечела и ме горела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште пред да можам да замавнам со раката мачката престана да ми го гризе увото и замавна со шепата, зафаќајќи ми ја целата лева страна на лицето, од веѓата, преку окото, кое за среќа го затворив, низ образот, сѐ до устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кимнав со главата, но таа не ме виде бидејќи се вртеше наоколу барајќи ја Маци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)