рака (имн.) - добар (прид.)

Имено, ако законските одредби, барем оние во сферата на инспекцискиот надзор, се во најмала рака добри и коректно поставени – тогаш, вината за нефункциони- рањето на овие контролни механизми не може да ја бараме во законот, туку исклучиво во човечкиот фактор, поставувајќи си го болното прашање на сатиричниот Јувенал за тоа: Quis custodiet Custodes – Кој [ни] ги чува чуварите? 2.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЕСЧП, во точката 52 од својата мериторна одлука, луцидно го појаснува ова право и вели: Овој Суд смета дека е [наполно] бесмислено Конвенцијата да регулира како [да] тече постапката за таа да биде правична, брза и сл. – доколку, претходно, не го обезбеди круцијалното [човеково] право на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)