рака (имн.) - кога (прил.)

„Е, Марко, Марко! Ти секогаш така: нели си шинал рака кога си се тепал заради мајка ти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да, точно... Се тепав. Овој пат се тепав заради тато“, признав. „Љупчо го навреди татко ми. “
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имаше зборови кои како вистинска мајка ги кажуваше под диктат на рефлекс: Сине, внимавај, не претерувај со работата, не ги вкрстувај рацете кога лежиш, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)