рало (имн.) - чорап (имн.)

Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Акакиј Акакиевич беше однесен и погребен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- А, да... „скромните чувства кон вас, ви ја праќаме следнава помош: 9 глави голем добиток; 156 глави ситен добиток; 136 оки и 500 грама волна; 134 оки и 100 грама сирење; 8 парчиња злато; 25 оки и 100 грама маст; 54 оки и 150 грама сало; 218 оки и 300 грама жито; 936 оки и 100 грама граф; 147 рала чорапи; 32 торби; 20 метри шајак; 310 јајца; 46 кокошки; 22 кошули: 3 фустани...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни собата, ни неговите работи не беа запечатени, зашто како прво немаше наследници, а како второ беше оставил многу малку наследство, имено – снопче гускини перца, топ бела државна хартија, три рала чорапи, две-три копчиња, што се откинале од панталоните, и веќе познатата за читателот риза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фимка чепна во торбата и извади рало чорапи и нараквици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На едно парче картон надраскал „За инат на Ибро - за 100 денари 5 рала чорапи!“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)