рана (имн.) - зора (имн.)

Во рана зора на 21 август да заземе одбранбени позиции на ридиштата во околината на Гошово - Бошковец - црквата Свети Јован Теолог (кота 1017)...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А секогаш беше рана зора Кога ги потпалуваше злите мисли, А секогаш беше рана зора Кога го поткревав моето тешко тело За да се измолкне змијата, Да блесне како молња, Да се крене и да зине Како отровен цвет Пред изгрејсонце.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во рана зора пред врата запеаја коледари.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Немаше млеко, па се чекаше од рана зора за она малку што доаѓаше, а брат му одвреме-навреме од некаде носеше млеко во прав за бебето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)