рана (имн.) - пролет (имн.)

Во осумдесеттите години на веков реј-банките го минаа патот од бунтовништвото до веќе статусен симбол на принцезата од Монако, на пример, или манекенките Синди Крафорд и Татјана Патик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа секој што денес носи реј бан наочари за сонце, носи еден иконички знак на дваесетовековната митологија и дел од живата традиција на новата потрошувачка култура. Burbery Секоја есен и во рана пролет луѓето ги облекуваат долгите мантили за дожд, кои се знак за еден неодминлив моден имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Езерото се размавало разулавено чиниш, му се стеснува дното (Баш би јавнале некој од брановите ама сите места се зафатени). Никој на брегот не знае рана пролет ли е или доцна есен
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
До крајот на последната Голема војна, а никој жив не си споменува точно од кога, околу вирот, од рана пролет па до доцна есен, се распостилаше чергата на потомците на некој си Алил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, писмото Николово, помогна властите да ги остават на мира Јанческите и да почнат, неколку годин по ред, од рана пролет па до доцна есен да чуваат стража најгоре на Чауле, а потоа таму, најгоре на Чауле, да подигаат и нешто како касарна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпогодно време за успешно изведување на операцијата, според британските планери, било зима или рана пролет бидејќи во тие годишни времиња поради непроодност на патиштата можела да се минимизира супериорноста на непријателската механизација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Совршена е навиката, секогаш кога ќе се чувствувам несигурно, потиштено, тажно, кога душата ми е разгалена, да легнам до мајка ми и да ја барам прегратката во која одново и одново се раѓав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршени се тие неколку стотици нијанси на жолта боја во рана пролет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше рана пролет, почеток на април, да, тоа беше сончево претпладне со многу минувачи по шеталиштето на кејот под прозорецот (необична слика за тој дел од денот) кога началникот Круме Волнаровски ми се јави на службениот телефон за да ме информира дека во моето одделение, од Прифатниот центар за странци, е прераспределена Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој миг се сетив на онаа рана пролет, почеток на април, да, тоа беше сончево претпладне со многу минувачи по шеталиштето на кејот под прозорецот на мојата канцеларија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од рана пролет до доцна есен Таки сам седеше под големата разгранета врба, надвисната над терасата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше едно од оние писма што Захур, постариот брат на Игбал, им ги испраќаше на моите од Гоа, каде што за време на туристичката сезона (рана пролет и зима) тие држеа дуќанче со кашмирски килими.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во лето и есен се враќаа во својот роден крај Кашмир, бидејќи тогаш во Гоа е сезона на монсуните, долготрајни топли дождови и неподнослива влага и жештина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Наближуваше пладне. Сонцето силно припекуваше. Пријатно сонце во рана пролет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Облаците не беа кренати од Плачковица, а Брегалница уште беше надојдена и матна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Негде при крајот на зимата или во рана пролет, после еден убав дожд што ситнеше речиси три дена и три ноќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)