рана (имн.) - во (предл.)

По два дена, со длабока рана во градите и со откината нога, го донесоа во болницата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дел од нив со свежи рани во душите во тајни собири во Цариград палеле свеќи, изговарале христијански молитви, а понекогаш други ќе се најделе кај дервиши, припадници на еретски братства кои ги опседнувале со каузистички толкувања на божјото видение...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие спомени копаа по свежата рана во мојата душа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со нејзина помош ја подзалекувавме првата рана во животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во куќата тој тагува, со голема рана во душата, по последното козле што го напушта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Семејството на кутриот козар останало со шеснаесет рани во душите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така траеше Мајкиното самување, големата рана во нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)