растение (имн.) - во (предл.)

Снагата ѝ се изви, стројна и вита, сред пожолтените гранки на ретките растенија во карпите и се скри зад ѕитчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На првиот ден на ерменскиот Божиќ во неголомото живеалиште на Микелајн дојде твојот сонародник господинот Жорж Лоран и му донесе на стариот подарок, на прв поглед обично растение во син порцелански сад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Една недела помина откако ги редија растенијата во училиштето, а веќе требаше и дворот да се подготви за зимскиот сон.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Грешиш пријателе, го прекина г.Лоран. Ова дрво, оваа грда мери, можеби ги задушувала другите растенија во некоја градина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)