расчекор (имн.) - со (предл.)

Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се разбира само од себе оти тие со своето учество во револуционерните работи одеа во расчекор со интересите на Егзархијата; но, при сѐ тоа, тие беа бугарски чиновници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)