реалност (имн.) - во (предл.)

Во реализирањето на тие задачи бил вклучен британскиот оддел на СОЕ во Каиро, кој започнал да води пореална политика сообразена спрема реалноста во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Националистичкиот кич во воениот кошмар ја засилува стратегијата на заведување и како вирус навлегува во сите пори на дневниот живот, претворајќи го ужасот на реалноста во - ужас на прошлоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој избегнува лингвистички разграничувања, какви што се субјект/објект, ум /тело, ментално/ физичко, кога тие се применуваат да конструираат реалност во која телото се доживува како надворешност на битието, како што ги доживуваме машините кои ги користиме во секојдневниот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мирот, сеприсутен во зборовите на сите, стана сеотсутен од реалноста во која живееше кога започнаа да гинат луѓе, а нивните имиња, чинови, возраст, семејна состојба стануваа познати за сите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но како и да е, развојот на виртуалната реалност во армијата не е 118 Margina #17-18 [1995] | okno.mk единствен извор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Черчил, во втората половина на 1945 година, ја зацртал британската политика спрема Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врз основа на таквата реалност во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Распнат помеѓу големите идеи за империите и за границите умеејќи да најде излези на хартија, како што често и му велеше Мајка, тој се соочуваше со нивната друга реалност во конкретниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Мајка беше не само читател кој се идентификуваше со поредокот во семејството, со реалноста во фикцијата, туку таа ја откриваше и смислата на постоењето на ракописот и низ неговата естетска димензија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)