револуција (имн.) - или (сврз.)

Се прашуваше дали тогаш тој ја изневерил револуцијата или револуцијата него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Особено би сакале да нагласиме дека, макар колку и да е нужен и плодоносен нејзиниот потфат, дури и кога, во најдобрата варијанта, би ги совладала сите технички и епистемолошки препреки, сите теолошки и метафизички сопки кои досега ја ограничуваа, една ваква наука за писмото ризикува никогаш да не ја здогледа светлината на денот како таква и под тоа име; никогаш да не може да го дефинира единството на својот проект и на својот предмет; да не може да ја напише расправата за својот метод ниту да ги оцрта меѓите на своето поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас и мојот пријател сме стари за револуција или да започнеме некое движење, но и ние сме обземени од колективниот дух на книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цврстораките субјективисти, идеолошките занаети од овој и оној тип, мачистичките мислители и активисти - сите се возбудија околу новава ситуација, во којашто едноставно веќе не е можно една мисла, еден проект да се здобијат со апсолутна власт, која ќе биде мера на сите нешта до некоја следна револуција или контрареволуција, кога доаѓа новата мера на сите нешта итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но денес нешто ѝ допушта да се појавува како таква, дозволува да се води сметка за неа, без оваа новост да може да се преведе во сумарните поими на мутација, експлицирање, акумулација, на револуција или традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)