регал (имн.) - со (предл.)

Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш на дофат крај големиот прозорец на фотелјата на која обично седеше и читаше Татко беше регалот со големите речници и енциклопедии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)