ред (имн.) - е (гл.)

Уште пред да дојдат на „Гошово“ Доста поотежна, но бидејќи домашните работи и работите по градините и царевките не беа толку зорт, Митра не можеше да ја сети на кој ред е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие можат да предизвикаат и лоши влијанија, ако сте невнимателни, но в ред е доколку воспоставите рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако мозокот веќе станал жртва и дел од сексуална експлоатација на разноразни западни или наши политичко медиумски садисти, ред е да им се пружи отпор и да им се каже СТОП, ДОСТА Е...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сега на ред е статуа и на скопскиот педер па конечно да влеземе во старата курва Европа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И самите веќе не знаеме кој по ред е овој музеј што го посетуваме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Еве, најдов, во ред е“ рече таа и се насмевна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но знаел, и постарите можеле тоа да го знаат, дека Онисифор Проказник не ќе им даде да го заколат волето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ако е поканет, ред е да појде. Некој динар да му дадеме“, рече тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ФЕЗЛИЕВ: Добро. На дневен ред е - господа - молчењето. (Пауза.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)