ред (имн.) - јасика (имн.)

Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детство: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детсвтво: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наспроти сонцето и наспроти ридот, во утрово свежо, се нишаат врвовите на еден ред јасики и одовде, од собата, низ отворениот прозорец, го слушам ѕвонот од удирањето едно од друго на нивните ливчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И во своите педесет и три години се надевал дека ќе има деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)