ред (имн.) - друг (прид.)

Доста Макрева, Јова Батанџиева, Велтиса Мидова Велика Калешкова, Митра Ѓорѓиова и ред други мајки, еснафки на Рожденката, чии деца за првпат или уште од лани одат на училиште, кои стоеја одвоено од машките веднаш по говорот од даскалот почнаа да го коментарисуват случајот со Нешка Рожденкина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така тој Делчев, некој Сандански, и ред други умни глави решиде да работат за ослободувањето на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се налагаше тоа тогаш решително, и покажуваше дека се поврзува по еден или друг начин со ред други странични работи и појави, уродувајќи со последици таму каде што не можев да ги предвидувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука доаѓаат и цел ред други реформи, во кои влегуваат и оние што беа изработени од рускиот и австро-унгарскиот амбасадор во Стамбул и беа примени од Н. И. В. Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа Тоше го врти букварот и чита за малиот Миле и неговата мама, па за Ема што сама се мие, и ред други убави работи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сметал дека со Организацијата не се раководело правилно, дека Централниот комитет не бил способен успешно да ја насочува револуционерната акција и дека имало ред други недостатоци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никаква постела не и остави во одајата; од еден сув леб и вода ништо друго за јадење не и даваше. a ја тераше дење да пере, да мете, да чисти и ред други домашни физички работи да работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
НИЕ, ДРАГИ МОИ, не можеме да се пофалиме дека добро си ги чуваме своите лични работи како што се: облеката, чевлите, книгите и ред други предмети што ни служат за лична употреба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Порано, кога немаше хемиски средства за заштита на растенијата од гасеници, растителни вошки и ред други штетници, птиците беа најважните чистачи на природата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Почнав да позајмувам книги и од некои ученици што учеа во градовите и ќе се чудите ако ви речам дека во тоа време, кога бев учениче од второ или трето одделение во нашето селско училиште, јас веќе знаев за Робинзон Крусо, знаев за Али Баба и четириесет разбојници, за Синдбад морепловецот, за Црнецот чичо Том и ред други наслови и јунаци од книги.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но можат ли тие силни играчки, тие автомобилчиња, топки, кукли, балони и ред други да му го заменат на детето другарчето?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ги отворив сите прозорци, го отворив балконот, и ред други операции направив, едноставно ја осветлив темницата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гад еден” и ред други комплименти ми изнакажа, немав што да речам, најмалку да противречам, безобразен бев, признавам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)