резултат (имн.) - бев (гл.)

Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш, резултатот беше бледа сенка на господарот од метрополата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Збунуваше тоа што сите резултати беа во нормални граници и дека не постои пречка за зачнување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За чудо, иако резултатите беа лоши, Томо се чувствуваше здраво и силно, што ја збунуваше и Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Размислуваше рационално. Ако пристигнатите резултати беа во ред, овој разговор Виктор ќе го водеше со Томо, со кој беше многу поблизок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сартр се обиде да го охрабри, но резултатот беше ист.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секогаш кога се обидував да цртам подобро резултатот беше никаков.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За разлика од Дунсбери, не се обраќаш кон националната политика. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Резултатите беа во најдобар ред: „Нема ништо страшно, ај’ оди си дома!“ Вискито го потрошив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога сите резултати беа собрани на едно, ме погледна низ два пара очила и ме праша на што се жалам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓутоа, во 1931. еден ваков резултат беше како бомба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)