река (имн.) - што (прил.)

Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)