река (имн.) - да (сврз.)

Само себап да се стори, да не ми страдаат дечињата, кај а намери ѓаволот, в реката да појде и она и он.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега сите се одени на река да се мијат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ги земете котлињата и лопатите и ќе одите в река да ги наполните со песок. Не со вода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се запре да се движи: запре саатот, запре сето време на светот, запреа птиците да пеат, запреа ветриштата да дуваат, реките да течат, запре светот да се врти.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Река да ми тече од очите, ќе си го удавам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е болката река да ја препливаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А трчаше и покрај река, како да сакаше и реката да ја завтаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)