ресторан (имн.) - во (предл.)

ГРИНАВЕЈ: Да, меѓутоа политички беа неутрални, бидејќи се занимаваа со прашања: колку има овчарски кучиња во селата на јужен Велс, колку има јапонски ресторани во Ипсвич, информации од банална природа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи според режисерот (но и според Хераклит) сите нешта се насочени кон сите нешта, анатомијата на хиерархијата на луѓето собрани во ресторанот во еден европски историски контекст е потпомогната со сликата на Франс Халс и со еден алузивен наод - книгата посветена на настаните во текот на француската револуција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поголемиот број од луѓето што ги снимавме навистина живееја во челзи okno.mk | Margina #15-16 [1995] 117 хотелот, па затоа и поголемиот дел од времето го поминувавме таму. често вечеравме и пиевме во Ел Кихот, ресторан во приземјето и луѓето едноставно доаѓаа и си одеа во своите или туѓите соби.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе бев слушнал дека тие имаат такви навики, но едноставно не можев да поверувам во таквите приказни, сè додека со свои очи не видов човек како трча низ собата и носи куп гомна и умира од смеа. (...) Тоа лето постојано снимаавме кратки секвенци што подоцна ги искористивме за Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме покани или, што беше необично за нашата комуникација, ме замоли идниот ден да најдам време за кафе во „Зона”, мал ресторан во приземјето на станбената зграда од левата страна залепена за нашиот Центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И јас тоа го направив, измислив место, ја примив да го води малиот ресторан во дворот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нè однесе на вечера во еден ресторан во близината на Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овој ресторан беше еден од најпознатите од ваков тип ресторани во светот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ГЛАВА V Рекурзивни структури и процеси Канон со зголемување на интервалите (Ахил и Желката само што ја завршија превкусната кинеска вечера во најдобриот кинески ресторан во градот.)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Тирамис?” - во тоа се беа вљубиле пред десетина години во пријатниот геј ресторан во Ки Вест; се правеа како тоа да е наслов на некоја арија на Пучини; на подоцнежните патувања, дури и во Италија, наидуваа само на послаби верзии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со заеднички напори изградија хотел со ресторан во кој се нуди познатиот преспански крап и домашните јадења, во старите куќи ги дотерале одаите и паркингот пред хотелот е полн со автобуси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сместен во прекрасен амбинет, овој туристички комплекс, дело на струшкиот архитект Зоран Рафтовски, располага со 29 двокреветни соби, 15 апартмани, отворен базен, ресторан во кој се сервираат јадења од локалната и европската кујна, конференциска сала со бифе и најсовремена електронска опрема за одржување состаноци, семинари, работилници на кои во есенскиот и зимскиот период тука дебатираат специјалисти од Албанија, Македонија, Бугарија, Италија, од специјализираните организации на ООН и други меѓународни здруженија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, Сатурн успеа да се воздржи сѐ до ноќта кога Марија не се врати дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И се паѓаа од смеа, читајќи ги книшките на прогресивните писатели, кои пишуваа дека кралот е одлично облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И воопшто, тогаш многу подобро се живееше отколку сега. њ 200 okno.mk Евгениј Харитонов АНТИУТОПИЈА - 80 * Секако, се мисли на познатиот ресторан во Москва, не на познатиот музеј во Санкт-Петерсбург. (заб. на прев.) ** “АРА”-”American Relief Assotiation”, американска асоцијација за помош во Русија во периодот по Граѓанската војна. (заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)