реткост (имн.) - во (предл.)

Тоа е реткост во оваа индустријализирана земја и земја на оранжерии, во кои се одгледува цвеќе и зеленчук. Селата се врзани со градовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Навистина е реткост во оваа земја и овој век некој уметник да постигне признание и биде препознаен од обичниот човек: Picasso, Dali, Jackson Pollock - листата е куса.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)