риба (имн.) - кој (зам.)

Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Регулатор на нејзината тежина најверојатно беше рибата која речиси секојдневно беше застапена во нејзината исхрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќите ги минувала во дружење со златните риби кои, освен што умееле да зборуваат, знаеле и прекрасно да пеат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Изборот на Ѓорѓе и Рада беше гргечот, риба која татко му честопати ја носеше дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)