род (имн.) - код (имн.)

Токму во вакви пригоди се бара од играчите да се воздигнат, да ја покажат сета своја вештина и да ги магнетизираат гледачите со сјајни прикази на бистроумност, на подвижност, на техничка и тактичка умешност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културната организација на дејството во нашето општество им приредува на таквите изведувачи нешта што би можеле да се замислат како лирски мигови – мошне кратки, минливи мигови на пресудна напнатост, дел од секунда во кој сѐ неизвесно стои на тенка жица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш имав повод да одам со извесен мој дечко на пазарење во еден дизајнерски салон за санитарија за бањи, во исчекување на реновирањето дома за кое толку мечтаевме, но кое никогаш не успеавме да си го дозволиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, другите родови кодови се посуптилни и понедофатливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со примеров од Приказни за градот, предметот изгледа изразува извесна женствена нијанса во домашното украсување, китен порив да се наџиџа дури и празниот простор „над тоалетното казанче“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Класните импликации не се толку тешко одгатливи како родовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Драматичната глетка што ја овозможува јавната изведба на ретки и тешки подвизи, кои се извршуваат мигновено при најголема изложеност и под стравотен притисок, го претставува оној главен извор на возбуда поради кој и публиката на спортовите и публиката на изведбените уметности радо плаќаат големи парични износи.392 А, сепак, двете дејности имаат крајно различни класни и родови кодови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)