род (имн.) - улога (имн.)

Културната практика на машката хомосексуалност честопати се стреми да создаде посебен, дисидентски однос кон хетеронормативните културни вредности, еден нужен и решителен однос кон нивната доминантно сексистичка и хетеросексистичка кодираност, како и да доведе до нивно особено, перверзно рекодирање – односно да ги настрани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде сега да резимираме како функционира тоа настранување во случајот со геј-женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хомосексуалната желба што ја чувствуваат гејовите ги става во субјектната положба на жените и симболично ги бележи како женствени, но таа и им овозможува да задржат барем некои одлики на традиционално мажествени родови улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број машки геј-културни практики ја нагласуваат женствената позиционираност на геј-мажите, активно поттикнувајќи си ги учесниците (од обата пола) да ја заземат општествено обезвреднетата и маргинализирана положба на жените, па дури и да ѝ ја преувеличат маргиналноста и деградираноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, далеку е тоа од онаа игра на дофрлање меѓу честити, благопријатни дечки што во совршено машко единство некаде напролет изутрина мрзливо си дофрлаат наваму-натаму некакво топче. ‌Уште на почетокот од 1990-тите, оние задолжителни зарекувања на егалитарни сексуални и родови улоги што мажите мораа да ги прават повеќе од една деценија добија блага карикатура од Пенси дивижн, квир-рок-група од Сан Франциско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали тоа јас, инсистирајќи на опстојната релевантност, моќ и, навистина, мудрост на голем дел од традиционална машка геј-поткултура, сум ги изневерил револуционерните дострели на геј-ослободувањето, сум го отфрлил новиот геј-идентитет што го создала и сум ѝ свртил грб на нејзините цели за општествена и индивидуална преобразба, сосе нејзините оригинални културни творби?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната машка геј-култура – со оние нејзини женски икони, со дречливион кемп-стил, со поделбата на кралици и трејдови, со нејзините поларизирани родови улоги, со нејзините хиерархии, со здробените романтични желби, со нејзинана сентименталност, со нејзината самосожаливост и со предлабокиот очај околу можноста да се најде трајна љубов – сето тоа изгледаше не само старинско и престарено туку и одбивно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, сега е време барем да забележиме дека постои и другата страна на таа поларност и да кажеме нешто за геј-мажественоста, барем колку за да објасниме зошто досега, нужно, ја запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, исто така, ме побудуваа и шокот и разочараноста поради тоа што револуционерното движење на сексуалното ослободување и на политичкото бунтовништво слегнале и станале помирлив, во суштина конзервативен облик на идентитетска политика што не се стреми толку да го смени светот колку што сака да си заграби поголемо парче од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната поделба помеѓу кампот и убавецот или помеѓу хуморот и гламурот, се совпаѓа, конкретно, со старата сексуална поделба на кралици и трејдови: односно, на женствени и мажествени стилови на изведување на машките сексуални и родови улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако Стоунволскиот бунт го запалија дрег-кралиците, геј-ослободувањето, барем во некои од своите подоцнежни пројави, ги поттикна лезбејките и геј-мажите да изнајдат нови, позитивни, недевијантни сексуални и родови улоги во секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)