род (имн.) - човечки (прид.)

И бидејќи тие зборови ги нема во ниеден јазик и кај ниеден род човечки, и бидејќи немаат значење, тие се само редица од гласови, грозд, клас од букви.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледа, Данте цапнал со лева нога во денот кога ѝ префрлил на Пиза дека е срам за родот човечки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Јас сакам, ќе родам пак Господ ќе ни помогне, ќе видиш. – Невена го сакаше родот човечки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И така од век во век, од облак на облак.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)