родител (имн.) - постојано (прил.)

- Никогаш не си ме контролирала дали учам и колку сум научила, никогаш не доаѓаш во школо, освен на родителски состаноци, а другите родители постојано „киснат” и се распрашуваат кај наставниците за нивните деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш кога излегувам надвор не си ми рекла кога точно да се вратам, па ако не те послушам, да се лутиш, да правиш проблеми, да не ме пуштиш следниот ден... сите така постапуваат со своите деца, само ти и тато не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)