рол-крагна (имн.) - прилика (имн.)

Т.Б. Трачери се бенд од Куманово и прилично се нетипични за нашиве рок-н-рол прилики затоа што се автентични и жестоки, затоа што ја достигнале онаа важна точка кога искуството се претвора во сублимација, гадењето во креација, а притоа не губејќи од силата, затоа што нивниот хумор има многу емоции, затоа што се движење на отпорот, и затоа што доаѓаат од “внатрешноста” (на очајот?), од нам соседните маргинални орбити (Скопје - Куманово, две бесмислени ханзапласт-ленти (а доле - раништа!) во овој орбитален маргинариум без центар што космос се вика).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)