рој (имн.) - ѕвезда (имн.)

Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ох, сето тоа беше навистина волшебно убаво и по малку таинствено и застрашувачко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сонцето веќе беше заминато зад планините и на небото почнаа да се збираат големи роеви ѕвезди, многу јасни и многу жолти, какви што нема на нашето небо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утринава по електронска пошта добив рој ѕвезди од татковината набабрени од недобројни тајни и стежнати од нежни звуци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дена ми помагаше во тоа одлагање, сета восхитено од роевите светулки низ воздухот, од роевите ѕвезди на небото, од отсјајот на месечината во потокот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)