сабја (имн.) - и (сврз.)

Го видел царот и изваил маврамата позлаќена, та му го врзал прсто, изваиле двата баџанаци прстењето позлаќени и му 'и дале на ќелешо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие се исплашиле, како и секој жив човек, ама се срамат еден пред друг, не се предаваат. Носат по три сабји и по три ножа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се отворил џенгот и царската војска тукуречи ватила да се плаши; во тоа време втасал ќелешот со коњо што лаштеше и туку му влегол на другата војска да сечи со сабјата и сокаци да праит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Понекогаш ја облакаше облеката од татко му, ставаше вратоврска, паларија, ставаше мустаќи од волна, ставаше луле в уста, ја ставаше сабјата и шлемот што ги донесе татко му кога се врати од фронт и застануваше пред огледалото и се огледуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Довлечка и студ и ги закова браздите и реките со дебел мраз; по стреите небесни мразулци како сабји и анџари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)