сандак (имн.) - муниција (имн.)

И пак велам: што е, бре, за еден сакат еден бункер, стомна вода, пешник леб, два-три сандаци муниција и, еден митралез?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За цело време на борбата пренесуваше сандаци муниција од заднината и ги носеше на бојната линија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Покрај неколку сандаци муниција, бомби, запленивме и два тешки миралези марка „Шварц“. Засега имаме сѐ.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Дајте ми еден сандак муниција за митралез да му го однесам на Горјана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Водат маски, натоварени со оружје и сандаци муниција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)