сантиметар (имн.) - од (предл.)

Паднаа досега уште пет сантиметри од проклетството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Залудно, не можеше да се подигне ни еден сантиметар од подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наближуваа, секој за себе, во исто време постојано отстапувајќи, секогаш спремни да исчезнат само со еден скок, просто да се растопат во таа белина наоколу, но сепак постојано и трпеливо освојувајќи секој сантиметар од растојанието, што ги делеше од неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)